Поврзете се со нас

Англија

Џерард за Карагер: Невил ми го „украде“, бевме блиски, сега ниту ми се јавува…(ВИДЕО)

Објавено

на

Стивен Џерард пред некое време се врати во Англија и тоа како предводник на Астон Вила каде досега остави позитивен впечаток секако со надеж, желба, амбиција да го однесе на повисоко ниво клубот од Бирмингем.

Со враќањето тој сега е поблиску до својот добар пријател Џејми Карагер со кого своевремно одигра 570 натпревари, делеше многу добри и лоши моменти, меѓутоа нивните патишта се разделија по завршувањето на кариерите.

Стиви Џи се реши да биде тренер, додека Карагер постојано е активен и работи како стручен аналитичар. Поради сетоа ова нивната комуникација е намалена, па менаџерот на Астон Вила одлучи да се пошегува ова оваа.

-Мојот најпознат пријател? Џејми Карагер, тој лета. Растура како стручен аналитичар, беше топ играч, сега е на Гоглбакс. Сè што се случува, прави, тој веројатно сега е мојот најпознат пријател, -рече Џерард кој се пошегува за тоа што Гери Невил е доста близок со Џејми.

-Луѓето не можат да се заситат од него. Не ми се јавува повеќе, не ми пишува, ништо. Дури и не го гледам. Невил ми го украде. Бевме многу блиски. Замислете, замислете Гери Невил да ви го украде другарот, -истакна легендарнскио англиски ас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни