Поврзете се со нас

Англија

Џерард: Со едно око ја следам ситуацијата во Њукасл само поради една причина

Објавено

на

Стивен Џерард е едно од имињата кои се издвојуват за менаџерската функција во Њукасл, клуб кој во претстојното коло сепак ќе биде воден од искусниот Стив Брус кој против Тотенхем ќе оствари навистина убав јубилеј.

Легендарниот Брус ќе го води 1000-от натпревар во кариерата како менаџер и доби шанса од саудијските газди да остане на чело на тимот барем за овој натпревар, по кој се очекува да има преговори меѓу новото раководство и неговите претставници за спогодбен прекин на соработката.

Самиот Брус изјави дека очекува разделба со оглед на тоа што пристигнуваат нови газди, но иако јавноста во Англија постојано му бара наследници, Стиви Џи засега се прецрта себеси од врвот на листата.

– Јас имам навистина голема и одговорна работа во Ренџерс. Задоволен сум од мојата улога во клубот и фокусиран сум само на Ренџерс. Имаме натпревар со Хартс за врвот на табелата овој викенд и го чекам само тој меч.

– Нема да лажам, со едно око ќе ги следам случувањата во Њукасл, но само поради една причина. Брус ќе го води својот 1000-ти меч како менаџер. Тој е фантастична личност во фудбалот, имам личен однос со него и максимално го почитувам. Навистина чекам да видам како ќе го води својот 1000-ти меч, тоа е извонредно достигнување, – изјави Џерард.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни