Џерард се запиша во олимписката историја, МекМорис освои бронза иако минатата година се бореше за живот

snowboard1

Ред Џерард има само 17 години, но успеа да освои златен медал на Зимската олимпијада во Пјонгчанг. Воедно, ова одличје е и првото злато за американската репрезентација на овие олимписки игри.

Џерард беше најдобар во сноуборд дисциплината слопстајл и зад себе ги остави Канаѓаните Макс Парот и Марк МекМорис кои обезбедија место на победничкиот пиедестал.

Ова е најголем успех за американскиот тинејџер кој дебитираше на олимпијадите, а воедно стана и првиот олимписки шампион роден во актуелниот милениум. Импресионира и фактот што неговиот ривал МекМорис, освои бронза иако пред само 11 месеци заработи тешки повреди и се бореше за живот.

mcmoris

Facebook Коментари