Поврзете се со нас

Свет

Џерард се премисли и ја измени изјавата која ја даде за Меси и Роналдо пред една година (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/AVFCOfficial

Стивен Џерард го направи чекорот кој стана многу популарен во 2023-та година и се пресели во Саудиска Арабија, а потребни му беа сам неколку месеци во оваа земја за да „погази“ една изјава од пред само една година.

Стиви Џи во разговор со Гери Невил доби прашање да избере фавориот меѓу Меси и Роналдо и тогаш го нарече Аргентинецот најдобар на сите времиња, но сега вели дека најголем е всушност Португалецот.

Ваквиот став на поранешниот капитен на Ливерпул не остана незабележан и од англиските медиуми, кои не заборавија да го потсетат Стиви Џи за неговата контрадикторност.

– Доаѓањето на најдобриот на сите времиња, онака како што го нарекуваме Роналдо, предизвика големо влијание во Саудиска Арабија. По неговото доаѓање од јануари, покажа дека се уште има што да демонстрира на теренот.

– Веќе неколку месеци ги следам настапите, добрите партии и резултатите кои ги остварува Роналдо и може слободно да се заклучи дека оваа лига стана планетарно популарна по неговото доаѓање, – вели Џерард.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни