Поврзете се со нас

Англија

Џерард го победи „учителот“, па се насочи кон Клоп: Нема да бидам сентиментален на „Енфилд“ (Видео)

Објавено

на

Стивен Џерард вчера ја забележа третата победа на четвртиот натпревар како менаџер на Астон Вила, но истата ја оствари против својот поранешен учител од Ливерпул.

Брендан Роџерс мораше да му подаде рака на својот ученик по крајот на средбата која заврши 2:1, која интересно беше најава за она што следи наредниот викенд.

Стиви Џи ќе се врати на „Енфилд Роуд“ за првпат како противник и ќе ја води својата Астон Вила на петтиот меч во Премиер лигата, а запрашан дали ќе биде сентиментално погоден при пресметката со Ливерпул, поранешниот капитен го даде следниот одговор:

– Не, во ниту еден момент нема да има простор за сентименталност. Сакам да одам на „Енфилд“ и да се обидеме да победиме, да го добиеме она за што ќе се избориме. Во овој момент, факт е дека ние не може да се натпреваруваме со Ливерпул на табелата.

– Сепак, во еден меч, можеме да дадеме се што имаме и тоа е целта. Одиме таму со верба во себе, со три победи на четири меча и ќе се обидеме да ги направиме работите што е можно потешки за нив, – изјави Џерард.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни