Џерард: Го мразам Де Хеа и тоа е најголемиот комплимент што може да го добие од мене

de hea

Давид де Хеа вечерва со Манчестер Јунајтед го игра реваншот од осминафиналето на Лигата на шампиони против Севилја, откако на првиот меч во Шпанија беше 0:0.

Легендата на Ливерпул Стивен Џерард од студиото на „БТ Спорт“ го коментира натпреварот на „Олд Трафорд“ и за голманот на „црвените ѓаволи“ кажа дека е најдобар голман на светот.

– Најголемиот комплимент што можам да му го дадам на Де Хеа е дека го мразам, а го мразат сите навивачи на Ливерпул. Тој прави и најтешките шутеви да изгледаат лесно. Тој е најдобриот голман на светот – изјави Џерард.

Facebook Коментари