Поврзете се со нас

Италија

Џентлменски потег на Јувентус: Ангажираше поранешен играч кој принудно ја заврши кариерата

Објавено

на

foto: x.com/juventusfcen

Италијанскиот клуб Јувентус денеска официјално го потврди враќањето на Симоне Мураторе во своите редови, овојпат како член на стручниот штаб во младинската академија.

Пред само неколку дена, 26-годишниот Мураторе објави крај на професионалната кариера, заблагодарувајќи им се на поранешните клубови, Јувентус, Аталанта и Тондела за поддршката во најтешките моменти од животот.

Мураторе не доби вистинска шанса во првиот тим на Јувентус, по што замина во Аталанта и на крајот во Португалија, но мораше принудно да паузира по шокантната вест дека има бениген тумор во мозокот.

Следувала комплексна операција која за среќа завршила со добар исход, но и тежок период на рехабилитација во која Мураторе морал да се соочи со многу предизвици во однос на основните функции на телото и мозокот.

Сега, Мураторе е подготвен да продолжи да работи во фудбалот, а Јувентус џентлменски реши да му даде шанса во академијата, во која и самиот настапуваше како фудбалер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SM38 (@simonemuratore)

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни