Поврзете се со нас

Англија

Џентлменот Клоп воодушеви болен фан на Ливерпул со испратеното писмо во болница (Фото)

Објавено

на

Еден од најголемите квалитети на Јирген Клоп е тоа што прави неговиот тим да функционира како семејство, но како што стојат работите, овој круг е многу поголем од тоа што се чини, бидејќи германскиот стручњак се грижи и за луѓето кои му даваат безрезервна поддршка на неговиот клуб.

Во англиската јавност денеска посебно актуелна стана едно писмо кое го испраќа Клоп до болен навивач на Ливерпул, а кое е обелоденето на јавноста од страна на братот на фанот кој останал воодушевен од неверојатниот гест на менаџерот.

Клоп испраќа искрена порака до фан на Ливерпул кој води тешка битка со ракот, нагласувајќи му дека никогаш нема да биде сам во најважната борба во животот.

– Сакан Крис. Како прво, се надевам дека не ти смета што ти пишивам, сакам само да знаеш дека сите во семејството Ливерпул се покрај тебе. Тоа се многу луѓе и има моменти кога застанувам и размислувам колку луѓе ме поддржуваат мене и моите играчи, мислам дека главата ќе ми експлодира. Фактот што ние се држиме заедно е она што го прави овој клуб толку посебен.

– Се надевам дека не им смета на сите нив што зборувам во нивно име. Ова не се само зборови, ова е нешто што е навистина важно. Кога ги слушам моите играчи како зборуваат за тоа што им помага во најтешките денови, една работа која се издвојува и сите ја кажуваат е поддршката од клубот и навивачите. Друго што ми велат е нивното семејство. Нема потреба да го кажувам ова, кажано ми е дека имаш брилијантно семејство и пријатели околу себе кои се обидуваат да те поддржат. Никогаш нема да одиш сам, – гласи писмото од Клоп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни