Италија
Џенова пријави уште двајца нови играчи заразени од Ковид 19 и ги објави нивните имиња
Џенова ова попладне изелзе со ново официјално соопштение по направените најнови тестови на цел тим, со што бројката на заразени од Ковид 19 се искачи на 19 во клубот со седиште на Мараси.
Серија А веќе донесе одлука дека Џенова нема да го одигра својот дуел со Торино претстојниот викенд, а бидејќи периодот на инкубација е различен со оглед на контактите меѓу фудбалерите, клубот редовно ги тестира играчите од првиот тим.
Најновото тестирање донесе уште два позитивни играчи од првиот тим, а добра вест е тоа што Горан Пандев и натаму останува имун на коронавирусот и покрај големиот број заразени соиграчи.
Џенова открива дека Петар Брлек и Миха Зајц се најновите играчи кои се позитивни на Ковид 19 , а позитивен е и Валтер Брешан кој има улога на асистент на тренерот Маран.
По објавените резултати од Џенова, во наредните часови се чека официјално соопштение и од Наполи за вторите тестови кои беа направени врз играчите, кои првично сите беа негативни.
-
Репрезентација17 часа
Лазаров: Ова не личеше на меч од СП, не сакам да се правдам, но кога…
-
Светски првенства15 часа
Рекс: Ова никогаш не сум го доживеал, македонските фанови…
-
Светски првенства4 часа
Дански коментатор: Ако ова се повтори, ИХФ треба да ги затвори вратите за македонските фанови
-
Светски првенства16 часа
Кварацхелија позираше со дресот на ПСЖ: Сон е да се биде овде…(ФОТО)
-
Репрезентација20 часа
Ристовски и Ангеловски ја бодрат македонската репрезентација во Вараждин
-
Светски првенства18 часа
Митревски: Скандинавците се лесни на свирче, тежок судиски критериум за нас
-
Светски првенства6 часа
Митев: Македонија загуби од Холандија со помош од Данска
-
Репрезентација18 часа
Лазаревски: Најлесно е да се впери прст, прво треба да гледаме во својот двор