Поврзете се со нас

Италија

Џенова потврди: Бараме решение за разделба со Балотели

Објавено

на

Foto:x.com/GenoaCFC

Марио Балотели пристигна во Џенова со голем ентузијазам повторно да се докаже во италијанскиот фудбал, но неговиот сон беше брзо срушен, бидејќи клубот веднаш по неговото пристигнување го доведе Патрик Виеира.

Со оглед на нивниот нарушен однос од времето во Ница, беше само прашање на време кога Балотели ќе извиси во целата оваа епизода, па „Супер Марио“ од денеска и официјално станува непожелен фудбалер на Мараси.

Тоа го потврди директорот на клубот, кој пред натпреварот со Монца кој се игра вечерва, соопшти дека Џенова ќе се обиде да се ослободи од него до крајот на зимскиот преоден рок.

– Марио западна во втор план и тој силно посакува да има поголема минутажа. Во завршницата од зимскиот преоден рок, ќе се обидеме да пронајдеме решение кое ќе им одговара на сите.

-Бараме да замине некаде кадешто ќе може да игра. Тој не ги добива минутите во Џенова во овој момент, па сметаме дека најдобро решение е да најдеме место каде ќе го добие тоа, – вели Марко Отолини, спортскиот директор на Џенова.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни