Италија
Џенова немилосрдно ги користеше шансите и ја наполни мрежата на Рома (ВИДЕО)

Џенова сезонава игра одлично против римските клубови, па по триумфот над Лацио, вечерва успеа да ја совлада Рома и тоа со многу поубедливи 4:1.
Избраниците на Алберто Џилардино погодија четири пати од четири упатени удари во рамките на голот на Руи Патрисио, ставајќи го противникот во незавидна позиција по шест одиграни натпревари.
Џенова поведе уште во 5. минута со голот на Гудмундсон, но Кристанте возврати седумнаесет минути подоцна и се чинеше дека Рома ќе може да се врати во ситуација да оди на победа и да го оправда фаворитскиот статус.
Сепак, Ретеги повторно донесе предност за домаќините во 45. минута, а во вториот дел Торсби и Месијас ги поставија конечните 4:1, нанесувајќи и трет пораз на „волчицата“ сезонава.
Џенова стигна до 7 бода и се одлепи од дното, додека Рома има само 5 бода по 6 одиграни натпревари, што сигурно ни одблиску не е нешто што го очекуваа Жозе Мурињо и фановите на римскиот клуб.
-
Шпанијапред 22 часа
Анчелоти добива „џокер“ во стартната постава, Реал рутински се врати на врвот (Видео)
-
Европски првенствапред 23 часа
Далиќ: Не можеше потешко од ова
-
Италијапред 20 часа
Јовиќ се израдува на прв гол во дресот на Милан, голманот Мењан во улога на асистент! (Видео)
-
Англијапред 9 часа
Тен Хаг призна дека една ѕвезда на Јунајтед посебно се мачи оваа сезона: Ќе зборувам приватно со него
-
Европски првенствапред 22 часа
Порно звуци одекнаа за време на ждрепката за ЕП, присутните останаа во неверица (Видео)
-
Шпанијапред 19 часа
Анчелоти со неверојатни пофалби за својот „мотор“ во Реал: Тој е незаменлив и кога не игра на теренот
-
Шпанијапред 23 часа
Чави: Од Атлетико посебно би издвоил еден човек
-
Италијапред 21 час
Рабио и Галјардини ја продолжија „војната“ на социјалните мрежи (Фото)