Поврзете се со нас

Италија

Џенова не испрати шут кон голот, цела Италија зборува за мајсторијата на Квадрадо (Видео)

Објавено

на

Осмата победа за Јувентус во Серија А е убедливо најзаслужената која ја забележа тимот на Масимилијано Алегри од стартот на сезоната, бидејќи денеска ни презентираа една фудбалска викторија во Торино со која се покажа зошто Џенова е во опасната зона.

Андриј Шевченко ќе почека на првата победа како тренер на Џенова, а тоа не треба ниту да чуди ако се знае дека неговиот тим денеска во 93 минути не испрати ниту еден директен шут кон голот на Јувентус.

Шчесни ниту еднаш не беше тестиран, но затоа Сиригу имаше неверојатна работа, а само тој е виновен што Јувентус не постигна барем четири или пет гола во неговата мрежа.

На крајот, Јувентус се задоволи со победа од 2:0, но цела Италија зборува за мајсторијата која ја изведе Хуан Квадрадо во првото полувреме, со која беше отворен резултатот.

Колумбиецот погоди директно од корнер со извонреден шут, а на 8 минути пред крајот, конечниот резултат го постави Пауло Дибала. Со новите три бода, Јувентус се израмни со Фиорентина на петтата позиција, додека Џенова е 18-та со само 10 бода. Горан Пандев денеска беше резерва на Шевченко, а во игра влезе во 58-та минута.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни