Италија
Џенова излезе со соопштение кое ја израдува македонската јавност, се чека посакувана вест и од Неапол
Џенова ова попладне излезе со официјално соопштение за позитивните членови во својот табор, порачувајќи дека вторите тестови кои биле направени по мечот со Наполи ги потврдиле само 14-те позитивни теста на Ковид 19 од викендот.
Добра вест за цела македонската спортска јавност е тоа што Горан Пандев не е меѓу 14-те членови на Џенова кои се заразени од вирусот, што во превод значи дека нашиот капитен ќе може да биде во комбинација за настап на историскиот дуел против Косово.
Во прилог оди и тоа што цел тим на Џенова во овој момент е во изолација и нема да го одигра дуелот против Торино претстојниов викенд, па сега посакувани вести се очекуваат уште од Неапол.
Елиф Елмас одигра повеќе од 70 минути во дуелот со Џенова во Серија А, а бидејќи дури шест играчи на Џенова кои беа на теренот се покажаа како позитивни, ќе мора да биде тестиран и цел тим на Наполи.
Од таму се чекаат посакувани вести и во врска со вториот македонски репрезентативец, бидејќи Елмас исто како и Пандев, има круцијално значење во системот на Игор Ангеловски.
-
Репрезентација16 часа
Лазаров: Ова не личеше на меч од СП, не сакам да се правдам, но кога…
-
Светски првенства15 часа
Рекс: Ова никогаш не сум го доживеал, македонските фанови…
-
Светски првенства3 часа
Дански коментатор: Ако ова се повтори, ИХФ треба да ги затвори вратите за македонските фанови
-
Светски првенства16 часа
Кварацхелија позираше со дресот на ПСЖ: Сон е да се биде овде…(ФОТО)
-
Репрезентација19 часа
Ристовски и Ангеловски ја бодрат македонската репрезентација во Вараждин
-
Светски првенства18 часа
Митревски: Скандинавците се лесни на свирче, тежок судиски критериум за нас
-
Светски првенства5 часа
Митев: Македонија загуби од Холандија со помош од Данска
-
Репрезентација17 часа
Лазаревски: Најлесно е да се впери прст, прво треба да гледаме во својот двор