Италија
Џенова донесе разочарување за навивачите на Милан при прославата на големиот јубилеј
Милан како клуб со сите почести ги пречека своите легенди кои беа дел од 125-годишната историја на клубот, јубилеј кој направи денешниот натпревар против Џенова да биде посебен на секој фан на италијанскиот великан.
Скромното издание против Црвена Звезда на средина на неделата донесе доста критики од тренерот Пауло Фонсека, но „росонерите“ денеска беа уште полоши на денот кога прославуваа голем јубилеј и игрчаите режираа разочарување за своите верни навивачи.
Џенова пристигна со цел да се брани на „Сан Сиро“ и љубоморно го бранеше својот гол, па иако имаше и малку среќа, на крајот успеа во својата намера.
Алваро Мората во 79-та минута беше најблиску до водечки и победоносен гол за Милан, но неговиот удар заврши во рамката на голот.
Севкупно гледано, Милан понуди премалку на меч кој сите го најавуваа со посебна страст, а на кој и играчите играа во специјални ретро дресови за да се одбележи 125-годишнината од постоењето.
-
Италија14 часа
Консеисао директен: Можам да зборувам и два часа, но ако играчите…
-
Светски првенства12 часа
Николов и Начевски ја добија првата задача на СП
-
Англија24 часа
Селс правеше чуда на голот, Ливерпул вторпат не успеа да го победи Нотингем (Видео)
-
Англија13 часа
Клоп со совет до Ливерпул за ситуацијата со Салах: Тој е најдобриот…
-
Англија15 часа
Кукурелја беше жртва на еден од најбезобразните потези во Премиер лигата, судијата шокираше со одлуката (Видео)
-
Италија9 часа
Поразителни бројки за „бјанконерите“: Овој Јувентус е далеку послаб од минатата сезона
-
Македонија12 часа
РФМ и клубовите се збогуваат со Јовиќ: Загубивме вреден спортски работник…
-
Шпанија23 часа
Димитриевски одново сочува „чиста мрежа“, Валенсија прв четвртфиналист во Купот (Видео)