Поврзете се со нас

НБА

Џексон верува во Лејкерс: Можат да бидат шампиони ако…

Објавено

на

Марк Џексон скоро две децении играше во НБА лигата и многу добро знае што е потребно за да еден тим биде успешен и се бори за титулата.

Џексон веќе подолго време работи како стручен аналитичар, па од свој агол проговори за составот на Лос Анџелес Лејкерс кој минатата сезона важеше за еден од фаворитите за пехарот за да на крајот остане без плејофот што беше огромно разочарување за тимот кој во своите редови ги има Леброн Џејмс, Ентони Дејвис и Расел Вестбрук.

Ако нема некоја промена оваа тројка ќе биде активна во Лос Анџелес и во следнава кампања, па многумина си го поставуваат прашањето што можат тие да направат, поточно дали можат да ја свртат ситуацијата и заедно заиграат на највисоко ниво.

Според Марк „езерџиите“ можат да бидат кандидати за пехарот, ама под услов играчите да останат здрави, но и да играат фантастично во одбраната.

-Ако се здрави, можат да стигнат до титулата. Само ако се здрави можат да бидат добри во дефанзива, од натпревар во натпревар, -порача некогашниот плејмејкер на Индијана, Њујорк, Клиперс, Торонто, Денвер, Јута и Хјустон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни