Поврзете се со нас

Англија

Џексон го покажа најлошото и најдоброто лице во два напади, Челси дојде на„минус два“ од Ливерпул (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/ChelseaFC

Челси влезе во сериозен замав и почна да реди победи од коло во коло во Премиер лигата, па така полека се издвојува како сериозен конкурент на Ливерпул и Арсенал во битката за титулата.

Тимот на Енцо Мареска малку кој го бројуваше во потенцијален кандидат за трофејот, но изданијата на „сините“ во последно време и дефинитивно укажуваат на тоа дека можат да го следат чекорот на Ливерпул.

Челси вечерва ја оправда фаворитската улога на домашен терен и успеа да освои победа против Брентфорд, која иако можеше да биде и поубедлива, од друга страна можеше да налета и на „нагазна мина“.

Домаќините беа далеку подобри во првиот дел и пропуштија прилики за убедлива предност, па единствена разлика на пауза беше голот кој го постигна Кукурелја.

Брентфорд заигра многу подобро во вториот дел и при резултат 1:0 имаше извонредни шанси преку Норгард и Карвалјо кој ја погоди рамката од голот, а во овој период видовме и едно неверојатно промашување на Џексон.

Напаѓачот на Челси биеше далеку над голот од идеална позиција, но потоа го покажа и своето најдобро лице во ситуација кога изби во контра еден на еден. Џексон мајсторски реагираше и го постигна својот деветти гол во сезоната за 2:0, па Брентфорд до крајот само го ублажи поразот и ги постави конечните 2:1 преку Мбеумо.

Челси со оваа победа стигна на само „минус два“ од Ливерпул, но треба да се напомене дека лидерот на табелата има одиграно еден натпревар помалку.

На вториот натпревар од 20:00 часот, Тотенхем ја прекина лошата серија и победи во Премиер лигата, и тоа на сметка на Саутемптон над кого славеше со 0:5.

Утката на Џексон погледнете ја ТУКА

Видеото од головите погледнете го ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни