Поврзете се со нас

НБА

Џексон: Џордан можеби е најдобриот кошаркар, ама Леброн е најголемиот спортист

Објавено

на

Некогашниот член на Њу Џерси Нетс, Сан Антонио Спарс, Атланта Хокс, Индијана Пејсерс, Шарлот Бобкетс, Милвоки Бакс и Лос Анџелес Клиперс, Стивен Џексон изминативе денови е доста актуелен во јавноста во САД со оглед на тоа што му беше добар пријател на Џорџ Флојд кој беше убиен од полицијата во Минеаполис по што изминативе денови има протести, немири низ целата држава.

Џексон имаше говор во чест на Флојд, а истиот Леброн го споделил по што двајцата потоа си размениле неколку пораки.

-Леброн го објави мојот говор и јас му испратив порака: Те ценам брате, нема да те изневерам. Тој му возврати „Тоа не си го направил, нема ниту јас. Тоа беше длабоко. Јас секогаш им велам на луѓето, Џордан можеби е најдобриот кошаркар, ама Леброн е најголемиот спортист. Тоа е поголемо од кошарката и затоа го сакам Леброн. -истакна Стивен кој во 2003 година освои шампионски прстен со Сан Антонио.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни