Поврзете се со нас

Италија

Џеко за нереализираниот трансфер: Рома се договори со Јувентус без мое знаење

Објавено

на

Един Џеко ќе го предводи нападот на Интер на дербито со Јувентус, екипата каде за малку ќе завршеше претходната година.

Репрезентативецот на БиХ одлично го менува Ромелу Лукаку во тимот на Симоне Инѕаги, а во интервјуто за „Газета дело спорт“ потврдил дека бил на чекор до трансфер во редовите на „бјанконерите“.

– Прво и основно, не се навраќам во минатото, сега сум во Интер и точка.

– Второ, Рома е таа која преговарала и постигнала договор со Јувентус, уште пред јас да бидам информиран за такво нешто. Јас подоцна бев вклучен во преговорите, но трансферот пропадна бидејќи не најдоа соодветна замена, – открива Џеко.

Тој го најави и претстојното дерби со Јувентус.

– Добро го познаваме противникот, треба да го неутрализираме нивното најопасно оружје, а тоа се контрите, – вели Џеко.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни