Џеко постигна страшен погодок, но Вајт го имаше промашувањето на вечерта (Видео)

vajt utka

Вечерашниот дуел од Лигата на нации меѓу Босна и Херцеговина и Северна Ирска заврши во полза на домаќините со 2-0, но исто така донесе и многу возбудувања, стативи, поништен страшен погодок и едно неверојатно промашување.

За супер голот во режија на Един Џеко и Миралем Пјаниќ кој беше неоправдано поништен веќе информиравме, меѓутоа сега ќе погледнете една голема утка на гостинскиот играч Гевин Вајт. Тој влезе во игра во 58 минута и само неколку минути подоцна се најде во идеална шанса да го израмни резултатот на 1-1, ама наместо да ја смести топката во мрежата за голема среќа на домаќините ја погоди рамката од голот.

Најдобрата реакција за оваа голема утка на Гевин ја имаа соиграчите кои се фаќаа за глава.

Facebook Коментари