Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Џеко: Ова ми е прво и најверојатно последно финале во ЛШ

Објавено

на

Овој викенд завршува Лигата на шампионите за оваа сезона и тоа со пресметката со Интер и Манчестер Сити во Истанбул.

„Нероаѕурите“ и „граѓаните“ се две екипи покажаа најмногу во кампањата, успеаа да ги минат тие пречки и со тоа да си овозможат борба за најпрестижниот европски трофеј.

Ова воедно се два клуба кои ги поврзува искусниот Џеко кој во минатото играше за Сити, а сега е дел од Интер, клуб за кој в сабота можеби и ќе го одигра последниот натпревар затоа што му завршува договорот на 30 јуни.

-Имам 37 години и ова е мое прво финале во Лигата на шампионите. Веројатно и последно, но никогаш не се знае. Сакам да уживам. Имавме одлична сезона во Лигата на шампионите, малку помалку добра во Серија А, но го освоивме Купот и Суперкупот, па можеме да бидеме задоволни. Финалето во Лигата на шампионите е голем натпревар за двете екипи и неверојатно е чувството да се биде дел од него.

-Немаше да бидеме тука ако тоа не го заслужуваме. Знаеме дека играме против веројатно најдобриот тим во светот. Сити е фаворит и мораме да дадеме повеќе од 100 проценти од себе. Лично се чувствувам добро, мислам дека можам уште многу да дадам, -порача Џеко.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни