Поврзете се со нас

Италија

Џеко направи нешто што не се памети во Интер од неповторливиот Роналдо (Фото)

Објавено

на

Един Џеко ги надмина сите оптимистички прогнози за неговиот старт во Интер, бидејќи оваа вечер покажа дека може да биде клучен за тимот на Инѕаги и како „џокер“ од клупата.

Босанскиот голгетер влезе во игра во 57-та минута и постигна гол со својот прв допир со топката, погодок со кој го најави пресвртот на Интер кој до тој момент губеше од Сасуоло со 1:0.

Интер на крајот победи со 1:2, но по средбата, сите во Италија зборуваат за фасцинантниот статистички податок поврзан за Џеко, кој вели дека Босанецот има идентично добар старт на кариерата во Милано како легендарниот Бразилец Роналдо.

За Џеко ова беше шести гол на седмиот натпревар во Серија А, нешто што последно е видено во дресот на Интер токму од неповторливиот „Ил Феномено“.

– Влегов во игра за да нарпавам промена и го направивме тоа. Тренерот има доста талентирани играчи на кои може да се потпре во секој момент. Израмнување на учинокот на Роналдо? Очекував да започнам силно во Интер, знам кои се моите квалитети и поради тоа бев купен од Интер. Секогаш го давам мојот максимум, без оглед дали сум стартер, или влегувам од клупата, – изјави Џеко.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни