Џеко ја здрма пречката во 91. минута, римското дерби без голови (Видео)

dzeko-lacio

Лацио и Рома одиграа уште едно цврсто градско дерби кое заврши без голови, а најголемите возбудувања се случија во завршницата од средбата.

По неколку обиди да се постигне гол, во 80. минута Раду доби втор жолт и црвен картон, а четири минути подоцна Марушиќ не ја релизираше најдобрата шанса за Лацио.

Возврати Рома во 91. минута кога Един Џеко имаше три обиди во четириесеттина секунди, во првиот одбрани Стракоша, во вториот ја погоди пречката, а во третиот биеше покрај голот.

Со оваа поделба на бодови, Лацио и Рома се на делба на третото место со 61 бод, пред Интер кој има 60 бодови на петтото место.

Facebook Коментари