Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Џеко: Изгледаше како голот да е проколнат, но Интер ме купи за вакви работи

Објавено

на

Един Џеко постигна два гола во победата на Интер над Шахтјор од 2:0, погодоци кои му овозможија на италијанскиот тим да се најде во осминафиналето во Лигата на шампионите за првпат по пауза од 10 години.

Италијанскиот тим ќе игра во нокаут рундата во најелитното натпреварување со Босанецот како лидер во нападот, што дефинитивно се покажува како извонредна аквизиција без оглед на возраста на Един.

Двата гола на Џеко се продолжување на неговата извонредна серија откако го облече дресот на Интер и го замени Лукаку, што за Един сепак претставува само обично извршување на својата задача.

– Интер му е купи за ова, за давање голови и важни моменти на клучни натпревари. Се обидувам да имам свое влијание на теренот и одлично ми оди

– Искрено, во првото полувреме изгледаше како нивниот гол да е проколнат, голманот бранеше неверојатно и ни беа поништени голови. Добро е што го скршивме мразот и што победивме со двата гола во вториот дел, – изјави Џеко.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни