Поврзете се со нас

Италија

Џеко: Интер го избра Лукаку пред мене, тоа беше…

Објавено

на

foto: twitter.com/Inter

Един Џеко веќе втора година е дел од составот на Фенербахче, тим во кој пристигна од таборот на Интер и тоа по една квалитетна сезона.

Босанецот одигра дури 52 натпревари во завршнцата сезона во Милано вклуучувајќи го тука и финалето на Лигата на шампионите кое калчолигашот го загуби од Манчестер Сити со 1-0. Интер одлучи да не го продолжи договорот со него и да се фокусира на откупување на Ромелу Лукаку од Челси за да на крајот „нероаѕурите“ останат без двајцата.

-Ако го избраа тој начин, тоа значи дека сите се согласиле, тренерот и раководните лица. Мене ми изгледаше како чудна одлука, бидејќи можеш без цена да задржиш играч кој ги започна сите важни натпревари, вклучувајќи го и финалето на Лигата на шампионите и да имаш четворица напаѓачи во тимот.

-Ми изгледаше многу чудно, тоа е се. Потоа, со време тоа го разбрав и го почитував, исто така затоа што сите се однесуваа одлично со мене во Интер, -вели Џеко кој смета дека заслужено добивал шанса пред Лукаку.

-Секој може да зборува… Но јас велам: дали мислите дека тренерот може да избере да игра играч кој не е толку добар како оној што го држи на клупата? И тоа да го направи во финале во Лигата на шампионите? Останав смирен, знаев што можам да му дадам на тимот. Сигурно дека Лукаку не беше среќен што не стартуваше, тоа е нормално.

-Но, тогаш ќе влезете и ќе направите разлика, ако можете: тој имаше 30 минути [во финалето на Лигата на шампионите], влезе на резултат 0-0, а потоа…-истакна голгетерот за „Газета Дело Спорт“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни