Џеко е подготвен за битката со Барселона: Поради овие натпревари играме во ЛШ (Фото)

dzeko

По завршувањето на осминафиналната фаза во Лигата на шампионите во Нион се одржа ждрепката за четвртфиналето во кое во еден од дуелите силите ќе ги одмерат Барселона и Рома.

Шпанскиот гигант со оглед на историјата во ова натпреварување и резултатите кои ги отварува сезонава во сите натпреварувања е фаворит на хартија, но тоа ќе мора да го докаже на терен на мечевите на „Камп Ноу“ и „Олимпико“ кои се играат на почетокот на месец април.

Во таборот на Рома се подготвени да дадат се од себе, тоа го посочија дел од фунционерите, но и дел од играчите кои испратија порака. Еден од нив е и Един Џеко кој се огласи на социјалните мрежеи.

-Овие натпревари се причината поради која сите сезони се бориме за да бидеме дел од Лигата на шампиони, да играме против најдобрите. Чувството е добро да сте во четвртфиналето. Ќе дадеме се од себе и ќе уживаме во секоја секунда, -порача преку Твитер репрезентативецот на БиХ.

Facebook Коментари