Поврзете се со нас

Евролига

Џејмс со луда тројка го реши Реал, трилерот во Тел Авив за Милано (ВИДЕО)

Објавено

на

Кошаркарите на ЦСКА Москва излегоа како победници во дерби пресметката со Реал Мадрид во Евролигата.

Дуелот во Русија ги оправда сите очекувања, беше драматично и незвесно до самиот крај, а кошот вреден победа за домаќините беше дело на Мајк Џејмс. Џејмс успеа на 2 секунди до крајот да погоди тројка под прекршок и потоа да го реализира дополнителното слободно фрлање.

Со тоа донесе водство на ЦСКА од 74-71, водство кое центарот на Реал Таварес го намали на 74-73 за крај на натпреварот.

Токму Џејмс со 28 поени беше прво име кај „армејците“, кај „кралевите“ листата на стрелци ја предводеше Томпкинс со 15 кошеви.

Најдраматичната средба вечерва се одигра во Тел Авив каде Олимпија Милано по едно продолжение славеше над Макаби со 86-85. Кошот за победа го даде Дилејни на три секунди до крајот со што ја комплетираше партијата во која уфрли вкупно 16 поени и 4 асистенции.

Вреди да се истакна изданието на Пантер кој застана на 18 поени, додека во таборот на Макаби по 17 дадоа Брајант и Вилбекин.

Останати резултати:

Црвена Звезда-Анадолу Ефес 64-75

Жалгирис-Зенит 75-83

Алба-Химки 100-80

Олимпијакос-Басконија 76-90

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни