Џејмс поразен пред својата публика: Лош старт за Кливленд Кавалирс (Видео)

lebron-raka

Индијана Пејсерс одигра неверојатно најдобар натпревар оваа сезона и тоа баш кога беше најпотребно, во почетокот за разигрување на титулата во плеј-офот против тимот на Кливленд Кавалирс на гости.

Пејсерси натпреварот го започнаа  со перфектна реализација и во првата четвртина водеа со 19 разлика и тоа 33:14. Разликата постојано се зголемуваше и намалуваше за Кливленд најмногу што успеа да дојде е до 7 разлика, но толку можеше да направи.

Натпреварот заврши со конечни 98:80, а овој пораз за Леброн Џејмс беше еден од најсериозните зошто Џејмс никогаш не изгубил натпревар прв натпревар од првата рунда во плеј-оф за разигрувањето за НБА титулата.

Facebook Коментари