Англија
Џејмс објасни зошто не го славеше ремек-делото на „Вембли“ (Видео)

Рис Џејмс за првпат беше стартер во дресот на Англија по пауза од три години, а за да се случи такво нешто, десниот бек мораше да го дочека својот поранешен менаџер од Челси, Томас Тухел.
Германскиот тренер му се довери на некогашниот капитен и му овозможи да биде дел од почетните 11, но не само што доби одлично издание, дефанзивецот му возврати и со ремек-дело кое на големо се врти во Британија.
Џејмс постигна сензационален гол од слободен удар и потсети на најдобрите прекини на Дејвид Бекам, мајсторија која привлече внимание и поради неговата мирна реакција.
Голем дел од аналитичарите на Островот останаа зачудени од фактот што Џејмс воопшто не го прослави голот, особено во ситуација што истиот беше прв за него како англиски репрезентативец.
– Долго време чекав вакво нешто, оставив две ипол фрустрирачки години зад себе. Нависитна сум многу среќен со самото тоа што добив повик, а уште повеќе што постигнав гол.
– Мојата „прослава“? Кога се наместив, го видов живиот ѕид и си помислив дека можам да ги заобиколам играчите. Да бидам искрен, бев изненаден што топката заврши во голот, па оттаму и таквата реакција. Си мислев дека голманот може лесно да стигне, но кога ја видов снимката, се уверив дека имал навистина тешка задача, – изјави Џејмс.
Ремек-делото погледнете го ТУКА
-
Англија15 часа
Тренерот на Кристал Палас откри дека посебно таргетирале еден играч на Арсенал
-
Македонија4 часа
Украинецот во елемент во клучен момент: Мајсторијата на Горига за победа на Вардар во Битола (ВИДЕО)
-
Шпанија17 часа
Анчелоти беснееше по играч на Реал, па веднаш го извади од игра: Ова не е театар! (Видео)
-
Шпанија11 часа
Тежок удар пред „Ел Класико“: Реал соопшти најлоша вест за Камавинга (Фото)
-
Италија16 часа
Инѕаги: Мора да му честитаме на Милан за тоа што ни го направи оваа сезона
-
Германија14 часа
Баерн се откажува од талентираниот Шпанец за кој се крена голема врева пред 18 месеци
-
Италија12 часа
Инѕаги беснееше по четвртиот судија и му забрани да покаже петминутно продолжение (Видео)
-
Македонија13 часа
Митревски го најави вечното дерби против Вардар: Победникот ќе направи важен исчекор кон титулата