Поврзете се со нас

НБА

Џејмс: Немам идеја какви сме како тим

Објавено

на

foto: www.latimes.com/

Екипата на Лос Анџелес Лејкерс никако не може да влезе во посакуван ритам, форма или поточно игра во стилот топло-ладно, па така откако рутински го победи Детроит Пистонс забележа тежок пораз од Оклахома Сити Тандер, втор на последните три средби ако се земе во предвиде дека убедливо ги преслуша Филаделфија Севентисиксерс.

На „езерџиите“ му фалат неколку играчи во ротација, играчи кои треба да го растеретат Леброн Џејмс кој прави се што може, ама годините веќе го стигаат и му е потребна поголема помош.

-Можете да видите три натпревари во четири дена и два по ред оставаа последици, особено против млад тим како ОКЦ. Немам идеја какви сме како тим. Ги немаме сите играчи. Знаеме какви сме некои од нас поединечно, но како тим се уште ја немаме целата група. Не сме играле доволно заедно за да знаеме која е нашата стартна петорка, кој ќе влезе од клупата, со кого имаме добар ритам. Ама и покрај тоа, имаме 11-9, што е прилично импресивно, -порача Џејмс.

Следен ривал за „езерџиите“ е Хјустон Рокетс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни