Џејмс: Не сме аутсајдери против Ливерпул

daniel-james

Денеска од 17:30 часот се игра големото дерби во Премиер лигата меѓу вечните ривали Ливерпул и Манчестер Јунајтед, но ако се поглед табелата и ако се видат квотите во обложувалниците тогаш повеќе од јасно е кој е фаворит на пресметката на „Енфилд Роуд“.

„Црвените“ сезонава се во страшна форма и имаат 20 победи на 21 натпревар или скоро дупло повеќе поени од тимот од „Одл Трафорд“, па затоа многумина избраниците на Оле Гунар Солскјер ги гледаат како тотални аутсајдери во оваа битка. Со ова не се согласува младиот Даниел Џејмс кој испрати порака дека Јунајтед ќе биде конкурентен и ќе има што да покаже на теренот на лутиот противник.

-Во ниту еден меч не влегуваме како аутсајдери. Отсекогаш било така и тоа го научив од првиот ден од моето доаѓање, ние сме Јунајтед. Ќе биде тешко, но ние се чувствуваме позитивно. Ние сме единствениот тим што им зема бодови и одиме кај нив со големи надежи. Ќе мора да го направиме тоа што го направивме минатиот пат. Немавме среќа и само ремизиравме со нивниот гол во завршната фаза. Ќе се соочиме се нив без никаков страв, -порача Џејмс.

Facebook Коментари