Џејмс Медисон донел конечна одлука: Ќе притиска за трансфер на „Олд Трафорд“

James Maddison

Медиумот кој е близок до Манчестер Јунајтед, „МЕН“ пренесува дека одличниот офанзивен фудбалер за врска, Џејмс Медисон сака да се приклучи на клубот од „Олд Трафорд“.

23 годишниот фудбалер е една од примарните трансфер цели на Оле Гунар Солскјер во летниот преоден рок, а најновите информации од Островот даваат надеж на Манчестер Јунајтед дека ќе стигне до неговиот потпис.

Од Лестер пак подготвуваат нов договор за играчот кој игра одлично оваа сезона и кој со своите настапи го привлече вниманието на поголемите екипи од Англија.

Facebook Коментари