Поврзете се со нас

Свет

Џејмс ја доби битката со Шортс, Монако поведе во финалето во Франција (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/LNBofficie

Мајк Џејмс го надигра Ти-Џеј Шортс и Монако поведе против Париз во финалната плејоф серија во Франција.

Монако беше на повисоко ниво и воден од своите навивачи славеше со 90:80. Домаќините беа многу сигурно во првите три четвртини, поточно од период во период ја градеа предност и по 30 минути водеа со 73:53.

Веќе стана јасно дека „светците“ многу тешко ќе се вратат од оваа позиција и до крајот само се изборија за поблаг пораз кој може да им биде некаква почетна точка, основа за второто соочување закажано за два дена.

Екслодираше првата ѕвезда на Монако, Џејмс со 31 поен и 3 асистенции, додека македонскиот репрезентативец Шортс на другата страна имаше 17 кошеви со 7 скока и 6 асистенции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни