Џејмс и Хауард блескаа во 9. победа во низа на Лејкерс, Индијана доби уште една битка со Филаделфија (Видео)

lejkers

Составот на Лос Анџелес Лејкерс ја прокнижи деветта победа во низа во НБА лигата и тоа против Кливленд Кавалирс кого го совлада во „Стејплс Центарот“ со 128-99.

„Езерџиите“ беа без Дејвис и Рондо, но без разлика на тоа доминираа против Кавси, а во главна улога беа Леброн Џејмс и Двајт Хауард. „Кралот“ на својот поранешен клуб му даде 31 поен, 2 скокови, 8 асистенции и 1 украдена топка, додека центарот Двајт имаше дабл-дабл учинок од 21 поен и 15 скокови.

Воедно ова беше меч на кој Леброн го мина легендарниот Ајзеа Томас по бројот на асистенции во лигата, односно сега го зазема осмото место на вечната листа.

Во дербито на Истокот, екипата на Индијана славеше над Филаделфија со 101-95 и поведе со 2-1 во меѓусебните пресметки во оваа сезона.
Домаќините одиграа одлично во вториот дел, направија пресврт и го запишаа 25 сезонски триумф со што во моментов се на 5 позиција во источната конференција, поточно едно место повисоко од 76-ките. Ворен и Брогдон реализира по 21 поен, додека кај поразените Симонс и Ричардсон искомбинираа 47 кошеви.

Резултати:

Детроит – Њу Орлеанс 110:117
Индијана – Филаделфија 101:95
Бостон – Чикаго 113:101
Минесота – Оклахома 104:117
Портланд – Шарлот 115:112
Сакраменто – Орландо 112:114
ЛА Лејкерс – Кливленд 128:99

Facebook Коментари