Џејмс го издвои круцијалниот играч на Јунајтед во овој момент: Неговото враќање во тимот направи да уживаме на теренот

daniel-james1

Даниел Џејмс е вистинско откровение на сезоната кога е во прашање Манчестер Јунајтед, од едноставна причина што никој не очекуваше играчот кој до минатата сезона настапуваше во Чемпионшип лигата да има такви високо квалитетни изданија во Премиер лигата.

Велшкиот репрезентативец се наметна во системот на Оле Гунар Солскјер и заслужено е сигурен стартер во првиот тим на Јунајтед, а иако вели дека се уште не го достигнал сиот свој потенцијал и дека се уште е во процес на адаптација, не пропушти да нагласи дека во последно време ужива на теренот, потенцирајќи го значењето на повратникот Антони Марсијал.

– Навистина многу уживам во фудбалот во овој момент, уживаме на теренот. Има одлична конекција во нападот, откако се врати Марсијал, го добивме тој потребен квалитет. Тој е одличен играч кој може да ги поврзе редовите, разновиден е и тој е многу важен за мене и Рашфорд. Откако се врати, постојано дава голови и дели асистенции и тој стана многу важен за нас, – изјави Џејмс.

Facebook Коментари