Џејмс и другарите се враќаат на победничките патеки: Поразен е тимот на Оклахома (Видео)

Кливленд Кавалирс како гостин успеа да го совлада фаворизираниот Оклахома Тандерс со конечен резултат од 120:112.

Леброн Џејмс со неговата игра потврди дека е човекот кој ќе биде во тесна трка со Џејмс Харден ,,Брадата” за титулата МВП на сезоната. Џејмс кој победата на својот тим му ја донесе во последните минути од натпреварот, го предводеше Кливленд со 37 поени, 8 скокови и 8 асистенции.

Во поразениот тим на Оклахома Сити Тандер со одлична, но недоволна игра се истакнаа Пол Џорџ кој убаци 24 поени и ѕвездата број 1 на Оклахома, Расел Вестбрук со 21 поен и 12 асистенции.

Facebook Коментари