Поврзете се со нас

НБА

Џејмс добива луд договор од Лејкерс во 40. година од животот

Објавено

на

Foto:twitter.com/Lakers

Леброн Џејмс веќе повеќе од две децении настапува во НБА лигата и во месец декември ќе го прослави 40. роденден, но како што стојат работите тој не планира наскоро да и стави крај на играчката кариера.

Имено последните информации кои доаѓаат од САД говорат дека Џејмс ќе добие луд, тежок договор за да ја продолжи соработката со Лос Анџелес Лејкерс.

Тој има опција да се откаже од 51,4 милиони долари кои ги има во се уште актуелниот договор, потег кој се очекува да го направи за да потоа добие нов од Лејкерс вреден 162 милиони долари.

Тоа би била тригодишна соработка со важност до сезонаат 2026/2027 година што доволно говори за целта, амбицијата на крајот уште некое време да биде дел од најсилната лига на светот и со тоа да испише уште некоја историја, да собори рекорд.

Џејмс е дел од „езерџиите“ од 2018 година, организација со која ја освои титулата во 2020 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни