Џејми Реднап децидент: Невозможно е Сити да се врати…

rednap

Стручниот аналитичар на „Скај Спортс“, Џејми Реднап верува дека Манчестер Сити и дефинитивно испадна од трката за титулата во Премиер лигата по поразот од 2:1 од Манчестер Јунајтед.

„Граѓаните“ ги освоија последните два шампионати во Англија, но многу тешко дека ќе комплетираат хет-трик затоа што веќе заостануваат цели 14 бодови зад неприкосновениот Ливерпул.

– Сити не може да се врати по 14 поени негатива. Невозможно е. На почетокот на годината тие не купија централен дефанзивец, а го изгубија Компани. Потоа им се повреди Лапорте. Фернандињо беше прекомандуван од средината на теренот, Родри не може да почувствува опасност како Фернандињо. Силва доаѓа кон крајот на кариерата. Сити е најдобриот тим кој сум го видел во Премиер лигата, но годините почнаа да ги газат, а Ливерпул го нема тој проблем, -истакна Реднап.

Facebook Коментари