Поврзете се со нас

Германија

Џејдон-шоу: Дриблингот на Санчо стана вирален хит, противникот ќе има кошмари од Англичанецот (Видео)

Објавено

на

Холштајн Кил беше вистинска сензација во германскиот фудбалски Куп откако уште во раната фаза го елиминираше бранителот на трофејот Баерн Минхен, но иако мина уште две рунди откако го шокираше првакот, овој германскиот второлигаш едноставно немаше што да бара во полуфиналето.

Борусија очигледно е гладна за еден трофеј оваа сезона и во големото финале ќе игра против Лајпциг, откако во претпоследната рунда го декласираше најголемото изненадување на турнирот со 5:0.

„Милионерите“ беа немилосрдни и прашањето околу победникот го решија во првиот дел во кој ги постигнаа сите пет гола, а иако како стрелци се издвоија Рејна, Ројс и Белигам, спектакуларна партија имаше и Џејдон Санчо.

Англичанецот беше креатор на два погодоци со своите асистенции, но исто така и на дриблингот на мечот, бидејќи со едно движење со тело успеа да направи вирален хит од фудбалерот на Кил, Фин Бартелс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни