Поврзете се со нас

Германија

Џејдон Санчо стана проблем за Борусија Дортмунд: Зорц со критики до фудбалерот

Објавено

на

Англискиот репрезентативец, Џејдон Санчо се поврзува со заминување од редовите на Борусија Дортмунд ова лето.

Интерес за младиот крилен фудбалер има од Манчестер Јунајтед, но германскиот клуб нема по секоја цена да го пушти да си оди.

Борусија за него бара над 100 милиони евра, сума која во моментов е доста висока со оглед на финансиската криза предизвикана од коронавирусот.

Како и да е, шансите Санчо да си оди од клубот се присутни, а истите дополнително се зголемија по критиките од страна на Михаел Зорц на адреса на Санчо.

Спортскиот директор на „милионерите“ не премолче и јавно го прозва Санчо по неговото последно кршење на протоколите кога беше да направи нова фризура.

– Џејдон не е само исклучителен фудбалер кој е забележлив на теренот, туку тој е таков и надвор од теренот. Понекогаш навистина не ни е лесно да се справуваме со него, -изјави Зорц.

Претходно критики на адреса на Санчо пристигнаа и од неговиот соиграч, Емре Џан кој истакна дека младиот фудбалер мора да созрее.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни