Поврзете се со нас

НБА

Џеферсон го спореди Адетокумбо со Пипен, легендата на Чикаго го потопи со одговорот (ФОТО)

Објавено

на

Тимот на Милвоки Бакс ја загуби и втората битка со Мајами Хит и се најде во многу тешка позиција во полуфиналната плејоф серија во источната конференција.

По овој пораз на тимот кој имаше најдобар учинок во НБА лигата во регуларниот дел на социјалните мрежи се огласи шампионот од 2016 година, Ричард Џеферсон кој го спореди Јанис Адетокумбо со легендарниот Скоти Пипен, поточно алудираше дека тој нема да може ништо да освои додека не заигра со неговиот Мајкл Џордан.

-Јанис може да е Пипен…ете кажав. Потребен му е неговиот Џордан, -напиша Џеферсон.

На ова реагираше Скоти кој во Чикаго Булс со Џордан освои шест шампионски титули.

-Не сум Јанис. Нема две лигашки МВП награди во низа (ќе биде за неколку денови-тој не е како мене). Прашањето е…кој беше ти како играч?

Овој одговор на некогашниот ас на Булс донесе многу реакции и има доста комeнтари на социјалните мрежи Фејсбук и Твитер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни