Поврзете се со нас

НБА

Џеди Осман ужива во Охрид со убава македонска музика (Видео)

Објавено

на

НБА кошаркарот на Кливленд Кавалирс, Џеди Осман во моментов се наоѓа во Охрид каде деновиве ќе ја овековечи својата љубов со познатата турска актерка Ебру Шахин.

Парот во друштво на најтесното семејство  се наоѓа во Охрид каде во текот на утрешниот ден се очекува да се случи свадбената церемонија на еден од охридските бродови.

На социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледа како познатиот пар ужива во преубавата македонска песна во еден од рестораните во градот под Самоиловите тврдини.

На едно од видеата може да се забележи како Џеди заедно со неговото семејство ја пеат „Битола мој роден крај“ и се забавуваат во одлична атмосфера.

Осман настапува за тимот на Кливленд Кавалерс, а на репрезентативно ниво ја претставува селекцијата на Турција.

Тој е роден во Охрид и е чест гостин покрај охридското езеро кога нема клупски и репрезентативни обврски. Нема дилеми, турската позната двојка деновиве е хит низ охридската чаршија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by minosh.galery (@minoshgalery)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни