Македонија
Џанлука ди Лоренци го евалуираше прогресот на Рико Вуков и адресираше една забелешка
Поранешниот возач, а денешен сопственик на тим во Порше Карера Куп Италија, Џанлука ди Лоренци, лиферуваше соопштение до медиумите во кое се огласи со свое мислење за минатата сезона, како и за очекувањата што ги има во новата, кога трета година по ред ќе соработува со македонскиот пилот Ристо Вуков.
Рико веќе две години собира искуство во ГТ трките, со што е единствениот македонски возач кој има на располагање спортско возило со заден погон, какви што се користат во многу други брзински шампионати, како што се трките на издржливост и Формула 1. Вредноста на новото возило кое тимот „ЏДЛ Рејсинг“ го набави за новата сезона е 258 илјади евра, во текот на годината ќе биде одржувано и опремувано за трките од новата сезона во Порше Карера Куп Италија.
– Џанлука, кое е Вашето мислење за минатата сезона со Вуков?
– Би рекол дека беше добра, гледано генерално. Тој е единствениот возач што настапува во Карера Куп Италија, а не тестира како неговите ривали. Едноставно, неговите противници се многу поискусни.
– Но, тој сепак имаше добри настапи во трките?
– Ако јас се прашувам, резултатите во трка беа исклучително добри, а тоа се виде и на патеката Франчакорта, за време на Фестивалот Порше. Таму и неговите противници имаа исто познавање на таа нова патека, па тој за малку не успеа да се најде на подиумот. Единствено грешките во квалификациите беа пресудни што тој стартуваше од назад. Но тој викенд ја одушеви публиката бидејќи беше единствениот возач кој направи толку многу престигнувања на патеката наречена „малечкото Монте Карло“.
– Џанлука, што очекувате во новата 2022 година?
– Мојата визија е добра, имаме ново возило, несекојдневното Порше 992, кое сега сите возачи ќе го возат без АБС системот. Едноставно, сите пилоти ќе бидат на исто ниво. Вуков мора да ги направи неопходните тестирања и да инвестира одреден буџет во таа насока. Ако дојдете на патеката подготвен, со 90% завршена работа во тренинзите, тогаш викендот ќе го посветите на својот фокус за возењето.
-
Шпанија24 часа
Гути: Нешто не функционира во овој Реал Мадрид
-
Свет10 часа
Клоп со прва изјава за својот нов фудбалски проект: Не можам да бидам повозбуден
-
Германија23 часа
Баерн подготвува „понуда која не се одбива“ за Мусиала
-
Англија23 часа
Крај на една ера: Манчестер Сити останува без архитектот на моќниот тим на премиерлигашот
-
Англија21 час
Палмер го победи Белингам во изборот за англиски фудбалер на годината
-
Европски купови11 часа
Ракометна магија во Скопје: Неверојатната акција на Вардар за која зборува цела Европа (Видео)
-
АТП12 часа
Тиафо го режираше најнекултурниот „поздрав“ со судијата во поновата историја на тенисот (Видео)
-
АТП11 часа
Алкарас режираше „слатка одмазда“ за четвртфинале во Шангај