Поврзете се со нас

Свет

Џани по стапките на Паулињо: Алиоски има милионска понуда од Ал Ахли!

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Езѓан Алиоски се уште го нема решено најважното прашање, а тоа е клубот во кој ќе настапува во новата сезона.

Алиоски ја заврши приказната со премиерлигашот Лидс Јунајтед и во меѓувреме беше поврзуван со доста клубови ширум Европа, ама засега нема ништо официјално, потврдено на оваа тема. Последната пак вест која се однесува на Џани ја пренесува новинарот Педро Алмеида кој тврди дека нашиот ас има богата, милионска понуда од Ал Ахли од Саудиска Арабија.

Неговите информации говорат дека преговорите се во напредна фаза, а ако Алиоски каже да тогаш ќе добие двегодишен договор според кој ќе заработи по 1,5 милиони евра по сезона, плус ќе добие бонус од милион евра за потписот со Ал Ахли.

Овој клуб неодамна го доведе некогашниот играч на Барселона и Тотенхем, Паулињо што значи дефанзивецот може да ги следи неговите стапки и да се пресели во Џеда.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни