Џан нема да остане во Ливерпул, но ќе го откачи и Јувентус за друг клуб

Emre Can

Емре Џан е еден од најинтересните фудбалери на кои им истекува договорот со нивниот актуелен клуб, а според англиските медиуми, на Јирген Клоп веќе му е јасно дека нема да го задржи својот сонародник во Ливерпул.

Досега како најсигурна опција се споменуваше Јувентус, а и Бепе Марота не крие дека ја следи ситуацијата со Џан кој би можел да пристигне во Торино без отштета и би го засилил средниот ред на „старата дама“.

Сепак, весникот „Дејли Стар“ денеска тврди дека Џан се одлучил за Манчестер Сити, одлука со која ќе ги разочара Италијанците, но исто така и фановите на Ливерпул бидејќи ќе го носи дресот на еден од ривалите во Премиер лигата.

Пеп Гвардиола бил голем фан на германскиот репрезентативец, а резултатите на Сити сезонава се добра најава за иднината на клубот со кој и Џан би сакал да освојува трофеи, нешто што не успеа да го оствари на „Енфилд“.

Facebook Коментари