Свет
„Џамбо“ Милиќ се исповеда: Имав речиси 300 килограми, само тигарот беше потежок од мене!
Страхиња Милиќ беше дел од Вардар во шампионските денови на клубот од Скопје, но српскиот голман и во најдобрите играчи денови имаше проблеми да одржи оптимална професионална тежина.
Чуварот на мрежата имаше проблеми со килограмите и поради тоа беше казнуван од страна на Раул Гонзалес, со кого честопати беше и на „нож“ поради различните сфаќања кои ги имаа во тоа време.
Неколки години подоцна, популарниот „Џамбо“ сега како пензиониран ракометар гледа на работите од друг агол, сфаќајќи дека Раул го мислел само најдоброто за него, но и за целиот тим.
– Бев на „нож“ со Раул и тој ме казни по сезоната во која станавме европски шампиони. Тој ме казни поради тоа што не го испочитував договорот за килограми. Во еден момент имав 130 килограми, а Раул побара да стигнам до 115 килограми. Потоа следеше казната и јас едноставно полудев, ги отерав сите кадешто не треба. Им реков дека веќе не ми е гајле за ништо и почнав да јадам и да пијам без престан. Се опуштив до таа мера, што стигнав до 180 килограми, се раширив како жаба. Имав 50 килограми повеќе, а тоа испадна дека беше моја последна сезона во Вардар, но и во ракометот.
– Соиграчи како Карачиќ, Стоилов, Дибиров, Чупиќ беа на моја страна и ме бранеа. Последен договор беше да ме казнат со пола плата од договорот, а дека ако се поправам, на крајот ќе го добијам и остатокот. Сега сфаќам дека се беше направено за мое добро, но јас веќе немав искри во мене. Немав веќе емоција за ракомет и ја завршив кариерата на 28 години, – се исповеда Страхиња во интервјто за „Моцарт Спорт“, во кое открива дека најмногу тежел нестварни 290 килограми.
– Во еден момент имав 290 килограми, се мерев во една ветеринарна амбуланта во Чубура. Ми кажаа дека само тигарот е потежок од мене со 310 килограи. Во овој момент имам 180 килограим, а цел ми е до наредното лето да стигнам до моите 130. Сега сум поголем професионалец од играчките денови. Сега не пијам ниту капка алкохол и се радувам на моите две деца и мојата сопруга. Тоа е мојата најголема гордост во животот, останатото речиси се упропастив сам, – вели „Џамбо“.
-
Свет23 часа
Помошникот на Фенербахче тргна да слави гол со играчите, Мурињо му одржа лекција која ги изнасмеа фановите (Видео)
-
Шпанија24 часа
Рафиња со капитенската порака го заштити најкритикуваниот играч на Барса
-
Англија17 часа
Пети за тимот кој има посилен состав од Сити во ПЛ: Сите забораваат на тоа…
-
Лига на шампиони14 часа
Голема победа: Борбениот Пелистер и зема мерка на Висла во Битола
-
Шпанија23 часа
Фудбалер на Рајо почна да се води за исчезнат во јавноста, претседателот на клубот даде објаснување
-
Свет19 часа
Депај со голчиште од слободен удар ги запали навивачите на Коринтијанс (ВИДЕО)
-
Свет19 часа
Ван Дер Варт за Роналдо: Неверојатно себичен играч, тој е единствениот…
-
Англија18 часа
„Скај Спортс“ прогноза: Сити ќе продолжи да тоне, Арсенал ќе го разбие Јунајтед