Англија
Џака распали по соиграчите откако Арсенал си ги упропасти шансите за пласман во ЛШ: Седете си дома!

Арсенал одигра ужасно лош натпревар во Премиер лигата во најлошо можно време, или во моментите кога се одлучува кој тим ќе заврши на четвртата позиција на табелата, која е последна што гарантира фудбал во Лигата на шампионите наредната сезона.
Иако Арсенал пред две кола имаше комотни плус четири пред Тотенхем и се чинеше дека е блиску до обезбедување на четвртото место, поразот од градскиот ривал и последниот од Њукасл изминатава вечер, направија сега се да биде во рацете на „петлите“.
„Топчиите“ беа непрепознатливи на „Ст. Џејмс парк“ и заслужено загубија од Њукасл со 2:0, па сега ќе им биде потребно чудо во последното коло за да се најдат во Лигата на шампионите. Тотенхем влегува во завршната рунда со два бода предност и доволен ќе му биде бод против испаднатиот Норвич, бидејќи Арсенал има далеку полоша гол разлика од ривалот со Северен Лондон.
По ваквите непосакувани околности за Арсенал, со жестока изјава се јави Гранит Џака, кој реши да распали по своите соиграчи.
– Сакавме да се покажеме на голем меч, но тоа не се случи. Тешко е да се најдат зборови, но ова се случува кога не го слушате тренерот и правите работи како што самите мислите. Тоа не функционира така. Луѓето секогаш зборуваат за лидери во овој тим, но ние не играме тенис, играме фудбал.
– Ако некој не е подготвен за овој притисок, подобро нека остане дома. Не може да дојдеме на вака важен меч и да одиграме вака. Игравме многу лошо, изгледавме лошо. Планот за игра од тренерот беше сосема друг, а ние одигравме спротивно од тоа. Тие не наттрчаа од првата до последната минута. Кога играте вака, не заслужувате да бидете во Лигата на шампионите, – изјави Џака.
-
Англијапред 18 часа
Мерсон за повлечениот потег на Арсенал: Тој не може да биде стартер ниту во Фулам
-
Светпред 10 часа
Халанд не се однесува како голема ѕвезда и ги воодушеви присутните на плажа во Марбелја (Видео)
-
Светпред 19 часа
Ди Марија се плаши за местото во репрезентацијата: Само еден е сигурен!
-
Англијапред 10 часа
Фоден избркан од луксузна плажа на Крф поради бесна караница со својата девојка (Видео)
-
Италијапред 11 часа
Малдини со рецептот „Тео Ернандес“ привлекува играч на Реал кој е во последната година од договорот (Фото)
-
АТПпред 18 часа
Циципас триумфираше во Мајорка, Надал му испрати порака: Победи го Ѓоковиќ на Вимблдон (ВИДЕО)
-
Светпред 20 часа
Бејл ги потврди гласините и позираше со новите клупски обележја: Се гледаме наскоро (Видео)
-
Германијапред 18 часа
Барселона се впушта во завршна офанзива за Левандовски