Поврзете се со нас

Германија

Џака постигна мајсторски гол и глумеше повреда, реакцијата на Алонсо се најде во прв план (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/bayer04fussball

Баер Леверкузен го продолжи својот шампионски поход и вчеравечер го победи Мајнц на домашен терен, па со тоа дополнително изврши притисок врз Баерн Минхен и за првпат замина на двоцифрена предност.

Со триумфот од 2:1, „фармацевтите“ за момент отидоа на плус 11 на првенствената табела пред Баерн, а треба да се напомене дека баварците денеска ќе имаат тежок испит против РБ Лајпциг.

Леверкузен го отвори мечот против Мајнц на најдобар можен начин и поведе со погодокот на Џака, кој по којзнае кој пат во кариерата покажа дека има разорен удар.

Левата нога на Гранит му зададе големи проблеми на гостинскиот голман, но првичната реакција на швајцарскиот репрезентативец ги загрижи и присутните на домашната клупа.

Џака по постигнатиот гол глумеше дека ја повреди задната ложа, па со тоа го вклучи алармот меѓу лекарите, кои пак беа смирени од Чаби Алонсо кој сфати дека Гранит само се шегува.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни