Поврзете се со нас

Англија

Џака: Не се плашам од навивачите, сакам да се видиме „лице во лице“

Објавено

на

blank

Фудбалерот на Арсенал, Гранит Џака отворено проговори за еден од проблемите на играчите, а тоа се навредите, заканите на навивачите на социјалните мрежи.

Се повеќе играчи се соочуваат со ова што секако носи поголем притисок кај нив, но според Џака поголем проблем е тоа што во целата ситуација се споменува и семејството, најбликсите кои исто добиваат закани, а притоа едноставно немаат никаква врска со тоа што се случува на теренот, натпреварите.

-Се работи само за мене, јас сум тој на теренот. Не е мојата сопруга, детето, некој од моето семејство. Ако сакате да критикувате некого, не е проблем да ме критикувате мене како личност, како играч.

-Ако изгубиш сите те мразат. Секој ти пишува нешто. Знаете, не е лесно да се разбере како некој може да пишува такви работи. Би сакал да можам да ги запознаат тие луѓе кои така ми се обраќаат, да седнам со нив, да се погледнеме очи во очи и да ги прашам зошто тоа ми го пишуваат, -вели Џака кој имаше неколку конфликти со навивачите на Арсенал, ама не е среќен поради тоа што нема навивачи на трибините.

-Не. Јас не сум тип кој се плаши да игра пред навивачите. Никогаш не бев. Го сакам клубот и ги почитувам луѓето околу него, -рече репрезентативецот на Швајцарија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни