Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Џака лут на Оливер: Многу добро го знам, ова никогаш не би го досудил во ПЛ (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:x.com/bayer04fussball

Баер Леверкузен претрпе убедли пораз од Баерн Минхен (3-0) во вчерашниот меч на „Алијанц Арена“ и ќе има многу тешка мисија да обезбеди билет за четвртфиналната рунда во Лигата на шампионите.

Гостите беа во подредена улога, а во исто време направија и доста грешки, потези кои на ова ниво се казнуваат и токму тоа го направи нивниот ривал од Бундеслигата.

Меѓутоа имаше и некои реакции за судењето и тоа од страна на Гранит Џака кој смета дека Баерн добил непостоечки пенал при дуелот на Тапсоба и Кејн.

-Во Премиер лигата тој тоа не го суди. Поминав седум години таму и го познавам Мајкл. Убеден сум дека нема тоа да го свирне во Премиер лигата. Има толку многу блокови во Премиер лигата што денеска не беше ништо. Малку е разочарувачки од него да свири таков пенал на ова ниво и веројатно да го реши натпреварот. Ако дадете пенал за секој блок, ќе има толку многу пенали на секој натпревар, -истакна Џака.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни