Поврзете се со нас

Англија

Џака испрати порака до Арсенал: Се уште ги гледам нивните натпревари…

Објавено

на

Foto:twitter.com/bayer04fussball

Арсенал ќе мора да се фокусира само на Премиер лигата до крајот на оваа сезона, сезона во која „топчиите“ ќе имаат шест финалиња, средби на кои ќе мора да бараат победи ако сакаат да дојдат до пехарот.

Во моментов тие се на второто место зад Манчестер Сити и ништо не зависи од нив, поточно ништо не е во нивни раце. Меѓутоа повеќе од јасно е дека тие мора да победуваат и тоа го знае и нивниот поранешен играч Гранит Џака кој сезонава веќе се израдува на лигашки пехар со Баер Леверкузен.

-Ова е дел од играта, мислам дека беа 10 или 11 натпревари без пораз. Кога ќе загубите еден натпревар, тоа не значи дека веќе се сте изгубиле. Остануваат уште шест натпревари во Премиер лигата и се уште има големи шанси да дојдеме до титулата во Премиер лигата. Им посакувам се најдобро бидејќи сè уште сум во контакт со стручниот штаб и играчите, а исто така сè уште ги гледам натпреварите.

-Дали Арсенал може да ја освои титулата? Се надевам дека е така бидејќи тимот, стручниот штаб и фудбалскиот клуб заслужуваат да освојуваат трофеи. Тие се многу блиски и оваа година како и минатата година, но фудбалот е за мали детали. Се надевам дека ќе можат тоа да го направат, порача Џака за „Мирор“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни